Имаме феноменален рецепт за посна сарма, совршена за празниците. Ваше е да ја направите и да го пробате со вашите домашни.
Ви треба:
20 листови кисела зелка
500 гр печурки
200 гр ориз
5 чешниња црн кромид
масло
бибер
сол
Подготовка:
Постапката е иста како и за мрсна сарма. Се што треба да направите е да ги пропржите кромидот и морковот, а потоа и печурките. Потоа додадете го измиениот ориз и динстајте додека не се соединат состојките убаво. Добиениот фил свиткајте го во киселата зелка, па варете на тивок оган. Пријатно!