Уште Хипократ на своите пациенти токму оваа намирница им ја препорачувал како своевиден лек за смирување.
Станува збор за здрава и лековита билка богата со магнезиум, калциум и калиум, кои во комбинација може да ја ублажат напнатоста.
Станува збор за целерот, нискокалорично растение кое содржи висок процент течности, па многумина го сметаат и за идеален сојузник во борбата против вишокот килограми.
Стеблото на целерот содржи дури 83 проценти вода и огромна количина влакна, па го намалува чувството за глад.