Сите сакаме да се разладиме во овие топли денови. Но, убаво е да направиме мала измена, па наместо сладолед да се освежиме и засладиме до освежувачки десерт – замрзнат јогурт.
Еве еден предлог за подготовка на брз десерт со многу малку труд, а со одлични резултати:
Овошен јогурт
Состојки:
300 грама замрзнато овошје
2 големи лажици сок од лимон
600 грама јогурт
4 големи лажици мед
Подготовка
Замрзнатото овошје ставете го во блендер, додадете малку топла вода и измешајте. Претходно одвојте неколку најубави бобинки за декорација.
Јогуртот измешајте го со сок од лимон и мед и ставете го во калапите (може да послужат и пластични чаши), но не ги полнете до врвот.
На оваа смеса налијте го овошјето од блендерот и украсете по желба.
Ставете ги во замрзнувач најмалку пет часа и извадете ги 15 минути пред сервирање, па оставете да отстои на собна температура.