сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Пробајте ги највкусните домашни тортиљи: По овој рецепт никогаш повеќе нема да купувате готови

Пробајте ги највкусните домашни тортиљи: По овој рецепт никогаш повеќе нема да купувате готови

Домашните тортиљи лесно се прават, со само неколку состојки.

Ви предлагаме да направите тортиљи со три состојки. Се прават едноставно, брзо и лесно.

Може да се наполнат со солени и слатки филови. Одлични се за појадок и исто толку добри за вечера.

Состојки:

2 чаши брашно

1 чаша топла вода

6 супени лажици путер

сол по вкус

Подготовка:

Измешајте го брашното со претходно омекнатиот путер. Додадете ги солта, водата и замесете. Тестото е готово кога ќе се изедначи.

Оставете го вака измешаното тесто, покриено, околу 10 минути. Потоа со раце формирајте топчиња, па со сукало развлечете ги во круг.

Пржете ги во загреана и подмачкана тава неколку минути од двете страни.