Зад нас се празниците кои беа исполнети со силна и калорична храна, па дури и ако не сте склони често да правите грешки во исхраната, детоксикацијата, односно чистењето на организмот секако ќе ви се најде.
Детоксикација е процес на отстранување на штетните материи што се депонираат во организмот со текот на времето. Сè што внесуваме во нашето тело поминува низ црниот дроб, каде се раствораат штетните материи.
Со отстранување и елиминирање на токсините од телото, здрави хранливи материи, детоксикацијата може да ви помогне да се одбраните од болести и да ја вратите способноста на организмот да одржува оптимално здравје.
Само 6 до 8 чаши вода за детоксикација секој ден може да ви помогне да останете хидрирани и да ги одржувате виталните органи во нивната најдобра можна состојба. Водата го поддржува варењето и подобрата функција на цревата, спречува запек и со тоа проблемот со надуеност е помал.
Состојки:
2 лимона
1 краставица
свежи листови од нане
едно мало парче ѓумбир
2 литра вода
Подготовка:
Измијте го и исечете го лимонот на кругови, како и краставицата и ставете ги во стаклена тегла. Излупениот ѓумбир ситно исецкајте го и додадете го во бокалот, а потоа додадете го свежато нане и додадете ја водата. Оставете го бокалот во фрижидер најмалку четири часа и најдобро е да го оставите преку ноќ.
Пијте во текот на денот колку што сакате.