За разлика од повеќето палачинки, овие се печат во рерна, не се пржат, погусти се од повеќето палачинки и не содржат хемиски состојки за подигнување на тестото како прашок за пециво.
Се подготвуваат од јајца, брашно, шеќер и млеко, може да бидат слатки или солени, а често се служат зачинети со путер и шеќер во прав, свежо овошје или сируп. Се печат во огноотпорен сад или во лиено тавче кое пред да го истуриме тестото, треба добро да се загрее.
Состојки:
– 130 гр. обично брашно;
– 4 јајца;
– 230 мл. млеко;
– ½ лажичка сол;
– 55 гр. стопен путер;
– 1 лажица шеќер во прав за посипување на палачинката;
– 100 гр. мешани бобинки;
– јаворов сируп.
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 230 степени. Во блендер измешајте ги јајцата, брашното, солта, млекото и половина од стопениот путер. Блендирајте околу 20 секунди додека смесата не се изедначи, без грутки.
Загрејте ја тавата со преостанатиот путер во рерната. Извадете ја, истурете ја смесата и веднаш вратете сè во рерна. Печете ја палачинката 18 минути додека не порумени и нарасне по рабовите.
Извадете ја од рерна, до средината на палачинката додајте бобинки и посипете со шеќер во прав. Исечете на парчиња и наросете со јаворов сируп.
Пријатно јадење!