четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Прво кратко се варат, а после се печат: Најубавите кифлички полнети со џем

Прво кратко се варат, а после се печат: Најубавите кифлички полнети со џем

Состојки:

300 гр брашно
1/2 лажичка сол
1 лажица шеќер
1/2 лажичка сув квасец
200 мл ладно млеко
30 гр путер

И уште:

1 л вода
50 гр прашок за пециво

Подготовка:

Во сад измешајте го просеаното брашно, солта, шеќерот и сувиот квасец. Добро измешајте, па додадете ладно млеко. Прво соединете го тестото со шпатула, а потоа измесете со раце. Потоа се додава путерот на собна температура и убаво се замесува сите состојки добро да се соединат. Тестото ставете го во сад и покријте го со проѕирна фолија, па оставете го на топло место половина час да нарасне. Тестото поделете го на 4 дела, па обликувајте топчиња. Од нив направете форма како црв и исечете го на уште 5 дела. Повторно формирајте топчиња. Покријте со проѕирна фолија и оставете уште 5 минути.

Земете една топка, одвојте ја со прстите, па во средината ставете една лажица џем.Потоа кренете ги краевите кон средината и спојте ги. Наредете во плех што сте го премачкале со масло. Покријте ги со проѕирна фолија и оставете ги да одморат уште 20 минути. Во тенџере сипете вода и кога ќе зоврие додадете го прашокот за пециво.

Ставете ги кифличките во зовриена вода и оставете ги околу 40 секунди. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Исечете ги на три места, па печете во загреана рерна на 190°C околу 25 минути.