петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

РЕЦЕПТ ЗА ДОМАШЕН ЈОГУРТ, ГУСТ И КРЕМАСТ КАКО ГРЧКИОТ: Се прави од само две состојки, а вкусот е фантазија!

РЕЦЕПТ ЗА ДОМАШЕН ЈОГУРТ, ГУСТ И КРЕМАСТ КАКО ГРЧКИОТ: Се прави од само две состојки, а вкусот е фантазија!

Домашниот јогурт е генерално повкусен од оној што го купуваме во продавниците, а рецептот за неговото подготвување е многу едноставен.

Состојки:

2 литри млеко
2 dl готов јогурт

Подготовка:

Истурете го млекото во тенџере, вклучете ја ринглата на средна температура и ставете го млекото да се загрее. Оставете го да се загрее до точка на вриење и достигне температура од околу 93C; ќе го мерите со кујнски термометар. Потоа малку се промешува, се трга од шпорет и се остава да се излади.

Откако млекото ќе се излади, истурете чаша млеко и половина шолја јогурт и мешајте додека јогуртот целосно не се раствори во млекото. Потоа разредениот јогурт прелијте го во остатокот од млекото со постојано мешање. Покријте го тенџерето, завиткајте го во кујнски крпи и ставете го во ладна рерна, па вклучете ја на приближно 50 степени.

Оставете го јогуртот во рерна најмалку четири часа или преку ноќ. Имајте на ум дека колку подолго стои во рерната, јогуртот ќе биде погуст. Кога јогуртот ќе ја достигне саканата густина, извадете го од рерна, а ако одозгора се залепи сурутката, внимателно исцедете ја или едноставно промешајте ја со жица за матење.

Истурете го јогуртот во саканите чинии и ставете го во фрижидер каде што може да отстои две недели.

Пријатно!