Јадење кое брзо се готви и јаде уште побрзо
Иако повеќето ќе се согласат дека домашните пити со домашни кори се најубави, не секоја домаќинка има време да ги развие.
Но, шармот е кога ќе најдете рецепт за пита што може да парира на домашните кори.
Затоа ви носиме рецепт за интересна и брза пита со сирење. Покрај тоа што е вкусна и доста брзо се прави.
Состојки:
500гр готови кори
500гр ситно сирење
1 чаша јогурт
Ќесичка прашок за пециво
200мл масло
4 јајца
Сол
Подготовка:
Намачкајте четвртаст плех, па на дното ставете две раширени кори. Потоа земете ги преостанатите кори и наредете ги во плехот, но свиткајте ги како лепеза.
Направете го тоа со сите кори, редејчи ги една до друга. Изматете 3 јајца, маслото, јогуртот, прашокот за пециво и во тоа, кога сè е добро изматено, додадете сирење, па измешајте повторно.
Одделете една шолја од оваа маса и измешајте со 1 јајце за да ја прелиете питата.
Добиената смеса прелијте ја со лажица рамномерно помеѓу корите. Се пече на 200 степени 30 минути.
Послужете ја питата топла.