Необичен десерт кој се подготвува многу едноставно!
СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО:
350гр брашно
250мл топла вода
5 гр сув квасец
Сол
100гр шеќер
Масло за пржење
СОСТОЈКИ ЗА ПРЕЛИВ:
100гр мед
200мл вода
Сок од еден лимон
Цимет
40 гр сечкани ореви
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во чинија ставете брашно, квасец, шеќер, сол и вода. Замесете глатко тесто и оставете го околу еден час да отстои. Од тестото направете мали топчиња и наредете ги на тацна.
Добро загрејте масло и пржете ги топчињата од тесто. Кога ќе поруменат ставете ги на хартиена салфета да ја впие маснотијата.
Згответе прелив од мед, вода и сок од лимон. Сервирајте ги топчињата на чинија, прелијте ги со врел прелив и посипете ги со цимет и ореви.