Рецепт за богат неделен ручек или кога сакате да се пофалите пред вашите пријатели а сепак не сакате да готвите цел ден. Вкусно е и нема човек на светов што ќе каже дека не му се допаѓа.
СОСТОЈКИ:
1 кг пилешки стек
200гр димен свински врат
300гр свежи шампињони
200гр зелени маслинки со пиперка
1 црвена бабура
1 кромид
300гр млечен кашкавал (едамер, гауда или сл.)
путер, сол и бибер и маслиново масло
За бешамел сосот
1л млеко
60гр путер
40гр брашно
70гр пармезан
1/4 лажичка сол
1/4 лажичка мускатно оревче
ПОДГОТОВКА:
Исечете го пилешкиот стек на коцки и кратко пропржете го во маслиново масло. префрлете го во тава за печење. Едно по едно, пропржете ги свежите шампињони, димениот врат, маслинките, пиперките, кромидот и доколку случајно ви се наоѓаат фрлете и неколку чери домати во миксот.
Додавајте се во тавата за печење.
Направете го бешамел сосот прекријте ги сите состојки со него.
Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и печете 25 минути на 200 степени.
Извадете ја тавата од рерна, отстранете ја фолијата и изрендајте го кашкавалот врз смесата. Печете уште 10-15 минути додека кашкавалот не се растопи и запече.
Многу е важно барем половина час да ја оставите тавата да „одмори“, за бешамелот убаво да ги врзе сите состојки. Потоа исечете коцки од пилешкото во бешамел и сервирајте го врз зелена салата со декорација од чери домати или може да декорирате со разни сувомеснати производи и павлака…