вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Рецепт за посни лазања со спанаќ: Јадење во кое ќе ужива целото семејство

Рецепт за посни лазања со спанаќ: Јадење во кое ќе ужива целото семејство

Лазањите станаа едно од омилените италијански јадења на нашите простори. Сочниот месен сос помеѓу неколку редови тенко тесто навистина му дава на јадењето неодолив вкус. Добрата вест е што можат да се направат и во посна варијанта, а подеднакво добар е и вкусот.

Јадење кое е заситено, воедно и вкусно, ќе ги воодушеви стомаците на вашите драги луѓе.

Состојки:
1 пакување лазањи (500 гр)
400 гр спанаќ
500 мл сојно млеко или било кое друго растително млеко по избор
50 гр брашно
маслиново масло
2 средни главици кромид
4 чешниња лук
500 мл доматен сос
сол, бибер
сушен босилек
свеж босилек за декорација

Подготовка:
На маслиново масло и малку вода пропржете ситно сечкан кромид. Потопете ги снегулките од соја и оставете да отстојат околу половина час.

Во кромидот додадете соја и сè измешајте, а потоа додадете две чешниња мелени лук. Во оваа смеса ставете свеж или замрзнат спанаќ и сок од домати и оставете малку да се динста. Зачинете сè по вкус. На малку маслиново масло пропржете две чешниња лук, додадете брашно уште малку да се пржи, па на млаз сипете растително млеко и сварете бешамел. Зачинете по вкус.

Дното на садот за печење намачкајте го со маслиново масло, ставете ја кората за лазањи, ред фил од спанаќ, прелијте со бешамел сосот и така додека го имате материјалот. Последната кора прелијте ја со сок од домати.

Готовите лазањи оставете ги малку да се изладат, па исечете ги на парчиња со саканата големина и послужете. Послужете со свежи листови босилек.