Вкусот ќе биде одличен и како кога се подготвуваат на традиционален начин.
Пржените лепчиња се идеален начин да го искористите стариот леб од претходните денови, но и да подготвите оброк за помалку од 10 минути.
Пржените лепчиња се идеални за вкусен појадок, но и како вечера или пак ужина.
Иако многу се вкусни, тие имаат една маана – впиваат многу масло за јадење во текот на пржењето.
Сепак, и за тоа постои решение – подгответе ги во рерна.
Вака подготвени пржените лепчиња нема да впијат ниту една капка масло за јадење, а вкусот ќе им биде одличен како и кога се подготвуваат на традиционален начин.
Состојки:
– 10 парчиња стар леб;
– 3 јајца;
– 1 децилитар млеко;
– Прстофат сол;
– Прстофат шеќер.
Подготовка:
Јајцата изматете ги со млекото и додадете ги солта и шеќерот. Секое парче леб добро натопете го со мешавината, па добро распоредете ги во плех којшто претходно сте го обложиле со хартија за печење.