Обожувате италијанска кујна? Тогаш пица со киви е нешто што мора да го пробате!
Постојат илјадници видови пици и секој од нив е исклучително јадење кое сите сакаат да го пробаат.
Сепак, доколку ви здодеат најпопуларните вкусови – капричиоза, наполитана или вегетаријанска, можеби е вистинско време да пробате нешто ново. Предлог на една данска пицерија е пица со киви.
Таа се подготвува на вообичаен начин – тесто со прелив од кечап или доматен сос, кашкавал и месо по избор, со тоа што наместо феферони на површината се ставаат киви исечени на кругови.
I have can now say I have witnessed hell@DaddyWarpig pic.twitter.com/WjC48p9Y3U
— Ranba_Ral (@Ranba_Ral) January 12, 2020
И додека некои се посомневале во вкусот на оваа пица, пред сè станува збор за слатко-солена комбинација, некои се воодушевени од идејата и со задоволство би го пробале овој рецепт.
– Ако јадам пица во комбинација со ананас, зошто не би пробал со киви?, напишал еден корисник на Редит.
Инаку, ова не е единствен рецепт за овошна пица. Веќе со години наназад во светот е многу популарна хавајската пица. Пицата со ананас веројатно не е за секого, но љубителите на таа обична комбинација тврдат дека станува збор за многу освежително јадење, кое посебно се препорачува во летните месеци.