Ако се подготвувате за зимата, не смеете да го заборавите сосот од домати.
Потребни состојки:
-5 килограми домати
-2,5 лажици сол
-5 лажици шеќер
-2 лажици алкохолен оцет
– Црн бибер
-Оригано
– Босилек
-Мајчина душица
Начин на подготовка:
Излупете ги доматите, исечкајте ги и смелете ги. Исцедете ги семињата. Сварете го сокот. Додадете ги зачини и варете до саканата густина.
Истурете го сосот во стерилизирани тегли, а потоа добро затворете ги.
Наредете ги во рерната на 90 степени, а по 90 минути исклучете ја рерната и оставете ги теглите преку ноќ.