вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Рецепт за традиционална урнебес салата: Лут прилог кој сите го обожаваат

Рецепт за традиционална урнебес салата: Лут прилог кој сите го обожаваат

Месо и урнебес се комбинација од соништата

Луѓето од нашите простори се познати по тоа што во речиси секое јадење секогаш мораат да додадат нешто луто. Веројатно вака се родила популарната урнебесна салата без која празничните трпези се незамисливи.

Урнебес салатата одлично оди со печења, лепчињи, скара, иако нема да погрешите со секое јадење со кое ќе ја искомбинирате.

За вас подготвивме рецепт за традиционална урнебес салата.

Состојки:

– 500 гр полномасно тврдо сирење

– ½ шолја масло

– 2 лажички црвен пипер

– 1 лажичка мелен лут пипер

– 4 чешниња лук

Подготовка:

Ставете го сирењето во сад и изгмечете го со вилушка. Лукот ситно исечкајте го и додадете го во сирењето.

Додадете масло, зачини и мелена пиперка и сè добро измешајте.

Салатата ставете ја во фрижидер еден час.

После тоа е подготвена за употреба.

Пријатно!