среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

РЕЦЕПТ ЗА ТРИЛЕЧЕ: Почувствувајте го вкусот на Мексико во превкусниот десерт со прелив од карамела

РЕЦЕПТ ЗА ТРИЛЕЧЕ: Почувствувајте го вкусот на Мексико во превкусниот десерт со прелив од карамела

Состојки:

За кората –

6 јајца
100 гр шеќер
150 гр остро брашно
50 гр гриз
1 ванилин шеќер
½ прашок за пециво

За преливот –

4 dl слатка павлака
400 гр кондензирано млеко
7 dl млеко

За глазурата –

700 гр прелив од карамела

Подготовка:

Изматете ги белките додека не се стегнат, постепено додавајте шеќер. Жолчките изматете ги со жица за матење и наведените состојки, истурете ги во длабока тава (25cmx30cm) обложена со мрсна хартија и печете во рерна загреана на 180°C околу 20 минути.

Испечената кора изладете ја малку, извадете ја од тавата, извадете ја хартијата и избоцкајте ги со вилушка од двете страни. На дното на плехот истурете слатка павлака и вратете ја кората (горната страна од печениот бисквит е сега во кремот) и малку притиснете ја надолу.

Измешајте кондензирано млеко и обично млеко и прелијте ја кората. Оставете околу 45 минути.

Потоа кората премачкајте ја со карамела и оставете ја во фрижидер преку ноќ.

Исечете ја тортата на коцки и декорирајте со мелени ф’стаци.