недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Рецепт за вкусна Бадникова погача со паричка

Рецепт за вкусна Бадникова погача со паричка

Оваа погача е многу вкусна, а е посна. Можете да ставите и паричка во неа па да ја принесете на бадниковата трпеза.

Од намирници потребни се – 30 грама квасец, 500 мл вода, 1 лажица шеќер, 1 лажица сол, 700 + 100 грама брашно, масло (зависи дали е постот на вода или не, 50 мл), сусам.

Подготовка

Во врела вода иситнете го квасецот, па додадете го шеќерот и измешајте. Додатете половина мерка од брашното и сол, па повторно измешајте. Додатете го останатото брашно од 700 грама и измешајте со лажица. Ако не постите само на вода, тогаш додадете две третини од 50 мл масло, измешајте. Оставете го тестото да одмори 30 минути. Кога ќе нарасне, посипете го тестото со 100 грама брашно и измесете го уште еднаш. Сега тестото не треба да се лепи, туку е мазно и меко.

Поделете го тестото на половина, па секоја половина уште на половина (деловите треба да се еднакви), па и тие на пола, се додека не добиете 20 еднакви делови. Од секое делче од тестото направете топче.

Ако постите со масло, премачкајте ја тавата за печење со масло, па ставете едно топче на средината, па 6 топчиња околу него, и останатите 13 околу нив. Немојте премногу да ги притикате едно до друго, зашто ќе нараснат. Ако пак постите со вода, ставете хартија за печење пред да ги редите топчињата. На крајот наросете од сусамот.

Оставете повторно така да отстои тестото уште 30 минути, дури потоа печете го во претходно загреана рерна, на 200 степени околу 25 минути.

Готовата погача премачкајте ја со масло или само со вода.