Може да се послужи како предјадење или додаток со главното јадено. Одлично одат со секоја комбинација.
Ретко кој ја прави оваа зимница, но ако еднаш ја пробате, ќе ја подготвувате секоја година.
Состојки:
800 грама млади тиквици
1 врзоп магданос
2 лажички рузмарин
8 чешниња лук
2 децилитри маслиново масло
2 децилитри сончогледово масло
1 децилитар оцет
15 грама лук во гранули
Подготовка:
Тиквиците ги миете и не ги лупите, туку само им ги остранувате краевите, а потоа ги сечете на кругови. Секој круг во валкате во малку сол и го редите на крпа, а потоа сите кругови тиквици ги прекривате со друга крпа за да се упие течноста која ја пуштаат. Ги оставате да отстојат 20-тина минути.
Рерната ја загревате на 200 степени. Плехот го обложувате со хартија за печење, ги редите тиквиците и ги печете 15-20 минути.
За маринадата ги мешате сецканиот врзоп магдонос, рузмаринот, маслото и оцетот, посолувате и стават биер по вкус (доколку сакате ставате тука и лук во гранули). Го сецкате лукот и го додавате во маринадата.
Испечените тиквици ги мешате со маринадата и ги оставате да отстојат неколку часа на ладно.
Ги редите во топли тегли, ги затворате и ги чувате на ладно место.