недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

(Рецепт)-Кох е традиционален деликатес за кој не ви требаат многу пари или време,само неколку јајца, гриз и уште неколку состојки.

(Рецепт)-Кох е традиционален деликатес за кој не ви требаат многу пари или време,само неколку јајца, гриз и уште неколку состојки.

Доколку сте љубители на традиционалните деликатеси, но не сакате да поминувате многу време во кујната, познатиот кох е вистинскиот избор за вас.

Состојки:

4 јајца

2 лажици брашно

4 лажици шеќер

1 лажица сок од лимон

4 лажици гриз

Прелив:

800 мл млеко

1 ванилин шеќер

3 лажици шеќер

Подготовка:

Потребно е прво да се одвојат жолчките и белките,а потоа убаво да се изматат белките и шеќерот.Потоа постепено додавајте ги жолчките и продолжете со матење.Додадете го брашното,гризот и сокот од лимон и нежно измешајте. Истурете во огноотпорен сад,претходно премачкан со масло или путер.

Се пече на 180°C околу 15-20 минути.

За тоа време направете го преливот мешајќи млеко,шеќер и ванилин шеќер.Варете додека не се раствори шеќерот, а потоа прелијте го готовиот колач и оставете да се излади.