вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Рецепт кој ги освои сите: Вака подготвените шпагети ги нарекуваат “оброк од милион долари“

Рецепт кој ги освои сите: Вака подготвените шпагети ги нарекуваат “оброк од милион долари“

Шпагетите наречени “милиони долари“, сега се најпопуларниот рецепт во светот кој ги освои социјалните мрежи.

Потребни состојки:

500 грама мелено говедско месо

1 кромид ситно сецкан

1 пиперка

1 лажичка лук во прав

пар чешниња лук

шпагети (варени според упатството на кесичката)

1 конзерва сос од домати

2 лажици путер

2 чаши павлака

2 чаши пармезан

2 чаши моцарела сирење, бибер по потреба

Подготовка:

Додека се варат шпагетите, во посебно тенџере се динстаат кромидот, пиперката, зачините и меленото месо. Кога месото е готово се додаваат доматите и се динста уште 15 минути. Во него се додаваат процедените шпагети и се мешаат. Истурете ги шпагетите и сосот во огноотпорен сад, а потоа прелијте ги со сосот од домати и месо.

Посипете со моцарела и пармезан.

Се пече во загреана рерна околу дваесетина минути на 180 степени.

Во друго тенџере растопете го путерот, додадете го лукот, промешајте, па додадете ја павлаката, пармезанот, солта и биберот.

Варете додека не добиете сос.