среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Рецепт за брускети како од ресторан: Идеални за појадок или ужина!

Рецепт за брускети како од ресторан: Идеални за појадок или ужина!

Ќе ви даде енергија да го започнете денот

Кога немате време да подготвите појадок, а дома имате основни намирници како леб, салата и сувомеснати производи, тоа значи само едно – брускети!

Состојки:

1 багет или стар леб
1 домат
½ краставица
350гр пршута
Сушен домат
Крем сирење
Зачини по вкус
Зачински билки за декорација
Балсамико

Подготовка:

Багетот исечете го на кришки, па наредете ги во плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење и печете 10 минути на 180 степени. Кога ќе бидат готови, извадете ги од тавата кришките леб и премачкајте ги со крем сирење.

Потоа на секоја кришка ставете по две ливчиња пршута, ситно исечкани свежи и суви домати. Краставицата исечкајте ја на кругови, па наредете ја врз пршутата и доматите. Посипете сè со малку балсамико оцет.

Посипете ги вашите омилени зачини над брускетите и додадете билки, на пример, рукола.

Уживајте во секој залак.