вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Рецепт за крофни кои не се пржат во тава, а се подготвуваат брзо

Рецепт за крофни кои не се пржат во тава, а се подготвуваат брзо

Наместо да се потите покрај шпорет по жешките, топли денови, пробајте го овој рецепт и за 15 минути ќе имате сочни крофни.

Крофните се сечиј омилен појадок, а колку и да постојат нови рецепти, ништо не може да ги замени оние класичните, старински крофни по рецепт на нашите баби.

Доколку избегнувате премногу масло и долго стоење покрај шпоретот, што е посебно непосакувано во текот на летото, тогаш овој рецепт сигурно ќе ви се допадне.

Состојки:
– 1 ќесичка сув квасец;
– 700-900 грама брашно;
– 150 грама маргарин (оставете една лажица на страна);
– 300 милилитри јогурт;
– 4 јајца;
– 150 грама шеќер;
– 200 милилитри вода;
– 100 грама шеќер во прав за посипување;
– цимет по вкус.

Подготовка:

1. Сувиот квасец измешајте го со лажица шеќер во млака вода, па додадете малку брашно, покријте го и оставете го да се активира. После некое време додадете го целото брашно, јајцата, јогуртот, стопениот маргарин и шеќер, па добро соединете ги состојките и оставете да отстојат околу половина час.

2. Ставете ја смесата на набрашнета површина, месете, па развлечете го тестото. Би требало да биде дебело околу еден до еден и пол сантиметар.

3. Вадете од тестото со чаша и распоредете ги круговите во плех којшто претходно сте го премачкале со маргарин или сте го обложиле со хартија за печење. Не приближувајте ги многу крофните една до друга затоа што тие ќе пораснат во рерна, па можно е да ви се залепат.

4. Печете ги во загреана рерна на 180 степени Целзиусови. Штом ќе бидат готови, премачкајте ги со стопен маргарин (од една лажица која ја одвоивте на страна на почеток на подготовката), па посипете ги со шеќер и цимет.