Одличен избор дури и ако сте на диета.Доколку немате идеја што да подготвите за утрешниот ручек, ви носиме вкусна салата која се подготвува од варени јајца и е одлична дури и ако сте на диета.Не ви треба многу време за да го направите,а толку е вкусен што штом ќе го пробате за прв пат, ќе го правите барем еднаш неделно.Главната состојка на оваа салата се варени јајца, кои не само што брзо се обработуваат термички, туку и се богати со хранливи материи.
Во 100 грама варени јајца има околу 13 грама протеини, а само 155 калории. Пред се,тоа е прифатлива храна која ја има речиси во секој фрижидер.
Варените јајца се мешаат со ситно сечканите стебленца целер и виолетовиот кромид и се зачинуваат со малку мајонез, јогурт и сенф.Вака подготвената салата може да се сервира помеѓу две кришки леб,во зависност од калориските потреби,како сендвич, завиткана во тортиља со дополнителен зеленчук или да се јаде со свежи листови зелена салата.
Оваа салата можете да ја направите за многу кратко време – дури и за помалку од 15 минути.
Состојки за салата од варени јајца:
3 јајца
50 гр јогурт
1 лажица мајонез
1 стапче целер
½ лажичка сенф
½ кромид
сол и бибер по желба
Подготовка на салата од варени јајца:
Направете тврдо варени јајца. За да добиете тврдо варени јајца, треба да ги варите 10 до 12 минути во топла вода. Излупете ги и исечете ги на помали парчиња.
Кромидот и стебленцата целер исечкајте ги на ситни парчиња и измешајте ги со парчиња варени јајца.
Во поголем сад измешајте јогурт, мајонез, сенф, сол и бибер.
Во садот со сосот додадете ги варените јајца, целерот и кромидот и сè убаво измешајте.
Вака подготвената салата може да се конзумира веднаш или да се стави во фрижидер да се стегне пред послужување.