Во Македонија многу луѓе ја сакаат баклавата, а овој десерт може да се подготви на многу начини.
Овој пат ви објавуваме рецепт за посна баклава, која е идеална за оние кои го практикуваат велигденскиот пост, но и за оние кои сакаат нешто малку поинакво.
Рецепт за посна баклава со цимет, ореви и малку лимон
Состојки:
500 грама кора за пита
200 грама мелени ореви
3-4 лажици суво грозје
1 лажичка цимет во прав
200 грама шеќер
2 кесички ванилин шеќер
сок од 1 лимон (оставете парче за декорација)
Подготовка:
Измешајте ги оревите, сувото грозје и циметот и со него посипете ја секоја втора кора.
На крај баклавата покријте ја со две кори, посипете ја со вода и ставете ја во загреана рерна да се пече.
Испечената баклава извадете ја од рерна и оставете ја да се излади.
Шербет:
Измешајте шеќер со ванилин шеќер, додадете сок од лимон и околу 150 милилитри вода, па варете на тивок оган додека не се стопи целиот шеќер.
Оладената баклава прелијте ја со врелиот сируп, посипете ја со малку цимет и оставете да го впие шеќерниот сируп.
Се сече на коцки или триаголници.