вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Рецепт за пита за која велат дека е повкусна и од бурек: Се прави за 10-на минути, а вкусот се памети долго

Рецепт за пита за која велат дека е повкусна и од бурек: Се прави за 10-на минути, а вкусот се памети долго

Рецептот за пита со сирење која е повкусна од бурек секоја жена треба да го запише.

Иако постојат многу начини на правење на пита со сирење, ние ќе ви пренесеме еден посебен. Се подготвува за само 10-на минути, а сите кои го пробале тврдат дека е повкусен и од бурек.

Состојки:

– 500 грама свежо сирење;
– 1 кисела павлака или чаша грчки јогурт;
– 1 јајце;
– кори;
– 100 грама путер;
– 1 лажица масло за јадење.

Подготовка:

Во поголем сад измешајте го свежото сирење и киселата павлака или грчкиот јогурт. Додадете го јајцето и посолете. Путерот стопете го со една лажица масло за јадење, па помешајте.

Премачкајте ја кората и преклопете ја на пола, па пак на пола. Ставете ја дното од садот. Втората кора исто така премачкајте ја со путер, па ставете ја во садот.

На дното ставете дел од сирењето, над него додадете уште една кора, па премачкајте ја со путер. Додадете две кори, па пак ставете од смесата, па повторно кора и така сè додека не ги потрошите корите и смесата.

Премачкајте ги корите со путер и печете на 200 степени Целзиусови 20 до 30 минути додека питата не добие златна боја.

Пријатно јадење!