Рецепт што го погледнале повеќе од пет милиони луѓе.
Состојки:
4 парчиња пилешки гради
100 гр пармезан
100 гр путер
50 гр свеж копар
50 гр презла
1-2 јајца
сол и бибер по желба
Подготовка:
Пилешките гради исечете ги на половина за да добиете вкупно осум шницли. Наредете ги шницлите, додадете сол и бибер по вкус. Измешајте го ренданиот пармезан со сечканиот копар и оставете го на страна. Исечете го путерот на осум еднакви делови. На секое парче пилешко ставете парче путер и премачкајте го преку површината на месото.
Поголемиот дел од пармезанот измешајте го со сечканиот копар и ставете го во посебен сад. Остатокот од пармезанот измешајте го со презлата и ставете го во чинија.
Врз намачканите пилешки гради ставете ја смесата од пармезан и копар. Завиткајте го пилешкото во ролат. Потопете го ролатот во изматеното јајце, па валкајте го во смесата од пармезан и презла. Повторете го процесот додека не ги направите сите осум пилешки ролни. Наредете ги ролните во тава.
Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 50 минути. Послужете ги ролните со омилениот сос.
Пријатно!