среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Рецепт за старински сутлијач: Вака го подготвувале нашите баби

Рецепт за старински сутлијач: Вака го подготвувале нашите баби

Брз и вкусен десерт на кој сите, со задоволство, се враќаме

Во сутлијачот денес се додаваат разни намирници како банани, бобинки и јаткасти плодови, но ние ви го пренесуваме рецептот кој го подготвувале нашите баби.

Состојки:

8 лажици ориз
1л млеко
8 лажици шеќер
1 лажичка ванилин шеќер
Какао за поросување

Подготовка:

Оризот измијте го под млаз вода, па ставете го во тенџере и прелијте го со вода за да се натопи.

Гответе го оризот додека водата не зоврие, а потоа извадете го тенџерето од шпоретот.

Во друго тенџере истурете млеко, ванилин и обичен шеќер и оставете да зоврие.

Додека млекото уште не е зовриено, додадете го оризот и цело време мешајте.

Не се плашете ако сутлијашот е редок, бидејќи подоцна ќе се стврдне.

Кога млекото ќе зоврие, варете уште малку, па извадете го тенџерето и веднаш истурете го сутлијашот во стаклени садови.

Поросете го со какао и оставете го малку да се излади