Ролат подготвен за еден час.
Иднината на бизнисот е… ручекот
Состојки:
200 гр маргарин
200 гр шеќер
50 гр чоколадо
350 гр мелени бисквити
1 кесичка инстант кафе измешано со 15 лажици топла вода
100 гр шеќер во прав
1 ванилин шеќер
150 гр кокос
Подготовка:
За потемниот дел: 50 грама маргарин се мати со шеќерот и ренданото чоколадо. Додадете мелен бисквит прелиен со кафе. Соединете ја смесата, па обликувајте ја во правоаголник на целофанот.
За посветлиот дел: Преостанатиот маргарин изматете го со шеќерот во прав, ванилиниот шеќер и кокосовото брашно. Добиената маса премачкајте ја со правоаголната потемна смеса и завиткајте со целофанот.
Оставете во фрижидер да се стегне.