Полнетиот пилешки ролат никого не остава рамнодушен, па затоа е идеална опција за ручек
Состојки:
1 кг мелено пилешко месо
1 лажичка сол
половина лажичка пиперка
2 лажички лук во прав
1 јајце
60 гр презла
2 лажици млеко
7 листови кашкавал
12 листови шунка
2 главици кромид
200 гр тенко сечкана сланина
Подготовка:
Најпрво се сече кромидот на тенки ленти и се пржи на масло додека да омекне и да добие убава карамелизирана боја. Во длабок сад се става меленото месо, се меша со сите зачини, се додава јајцето, презла и млекото, па се меша убаво да се соединат сите состојки, по можност со раце.
Распоредете го месото на проѕирна фолија во форма на правоаголник, со дебелина околу 1 сантиметар. Листовите кашкавал наредете ги рамномерно, па врз него ставете ја шунката, а потоа распоредете го карамелизираниот кромид.
Со помош на фолија внимателно завиткајте го ролатот и малку обликувајте го со раце. Внимавајте добро да ги затворите краевите, за да не истече кашкавалот при печењето. Преку ролатот наредете ја сланината исечена на тенки листови да биде убаво премачкана од сите страни. Се пече во рерна загреана на 220 степени околу еден час.