четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Ротквица – супер храна која неоправдано ја занемарувате

Ротквица – супер храна која неоправдано ја занемарувате

Ротквиците најчесто служат како додаток кон главното јадење, а луѓето не се свесни дека таа позитивно делува на нивниот организам. Богати се со влакна, витамин Ц, фолна киселина, калиум, а содржат малку калории.

Тие се одличен сојузник во детоксикацијата, како и кон настојувањето да изгубите килограми.

Овој зеленчук најдобро е да го консумирате во сиров облик, а еве неколку причини зошто треба почето да го јадете.

Одлични при застој

Нивниот луткаст вкус го поттикнува лачењето на соковите во желудникот и ја поттикнува работата на цревата, па се ефикасни кај лицата кои имаат застој во работата на цревата.

Ги чистат бубрезите

Ротквиците се сметаат за природен диуретик кој го поттикнува исфрлувањето на вишокот течности од организмот. Освен тоа, може да бидат ваш сојузник во превенција на инфекции кај уринарниот тракт, да ја намалат болката и чувството на пецкање при мокрење, ги чистат бубрезите, а многумина веруваат дека ги ублажуваат и проблемите со хемороиди.

Го подобруваат имунитетот

Тие се богати во витамин Ц, па со нивно редовно консумирање може да го одржите засилен вашиот имунитет. Го зајкнуваат срцето и го регулираат нивото на шеќер во крвта. Консумирањето ротквици може да влијае на кардиоваскуларниот систм бидејќи благодарение на своите хранливи вредности може да помогнат во намалување на холестеролот и регулацијата на крвниот притисок.

На кого може да му пречат ротквиците?

Поради нивната лутина, на лицата кои имаат чувствителен желудник и болести на истиот како чир, проблеми со цревата, како и со бубрезите, треба да избегнуваат честа употреба на ротквиците.

Тие не се препорачуваат за луѓето кои имаат болест на штитната жлезда поврзана со недостаток на јод во организмот.

Се препорачува роткицата да се избегнува најмалку две недели пред планирана операција.