Доколку имате гости и не знаете што да подготвите, тогаш можете да направите мусака со мелено месо.
Состојки:
осум печени пиперки
400 гр мелено месо
две чаши павлака
четири јајца
100 мл масло
главица кромид
сол, бибер, масло
магдонос, босилек
Подготовка:
Кромидот исечкајте го и заедно со месото продинстајте го на масло со додавање на зачини.
На дното на огноотпорен сад за печење наредете три исчистени печени пиперки, покријте со малку масло и дел од филот со месо.
Одозгора повторно ставете три пиперки и слој од филот, па завршете со останатите пиперки кои ќе ги премачкате со павлака и јајца. Печете во рерна загреана на 220 степени околу половина час. Исечете на коцки и сервирајте.
Пријатно!