петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Аранчини, старо италијанско јадење од срцето на Сицилија кое не се заборава лесно

РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Аранчини, старо италијанско јадење од срцето на Сицилија кое не се заборава лесно

Денес ви пренесуваме прекрасен рецепт од срцето на Сицилија – аранчини:

Потребно е:

Половина килограм ориз
3 глави кромид
2 моркови
3 стапчиња целер
3 чешниња лук
300 грама мелено месо по избор
150 ml концентрат од домати
моцарела
масло
вода
сол и црн пипер
босилек
трошки од леб
3 јајца

Подготовка:

Направете два филови истовремено: ориз и фил со месо. Направете го филот од црвено месо како за шпагети Болоњезе: пропржете го кромидот, изрендајте го морковот, исечкајте го целерот и сè пржете. Додадете месо, зачини и сос од домати и оставете убаво да се маринира.

За тоа време во посебна тава ставете малку масло и пропржете малку кромид. Потоа додадете зачини и прелијте околу литар вода. Додадете го измиениот ориз и оставете го полека да се готви. Мешајте повремено.

Кога двата филови се готови, подгответе ги аранчините. Ги подготвувате така што ќе ставите ориз на раката, потоа малку фил од месо и неколку коцки моцарела. Се витка во топка, а потоа тоа топче во јајца, па во презла и се пржи во длабоко масло.

Оставете ги аранчините на хартиена крпа да се исцедат, па послужете.