вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Неодолива мусака со сирење!

РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Неодолива мусака со сирење!

Има денови кога само сакате ручекот да ви биде готов што е можно поскоро и да не вложувате премногу труд за тоа.

Овој рецепт е решението за вас, бидејќи е едноставен и брз за подготовка, членовите на вашето семејство ќе го обожаваат или веќе го обожаваат.

Состојки:

2,5 кг компири, 2дл млеко, 3дл павлака, 2 главици кромид, 50гр тврдо сирење, ловоров лист, чешне лук, путер, сол и бибер

Подготовка:

Истурете млеко во сад и додадете кромид и ловоров лист, варете 2-3 минути, потоа извадете го кромидот и ловоровиот лист и оставете го млекото да се излади. Потоа во млекото додајте павлака и посолете малку.

Исечете го кромидот на прстени и пржете го во путер.

Исечете ги компирите на потенки прстени.

Подлабок сад за печење премачкајте со путер. Одоздола наредете ги прстените од компирот, па додајте го пржениот кромид, па повторно наредете ги компирите и зачинете со бибер и сол. Потоа додадете млеко и павлака во компирот.

Покријте го садот со алуминиумска фолија и ставете го во загреана рерна (180 степени) 45 минути.

Потоа изрендајте го кашкавалот и вратете ја мусаката во рерна уште неколку минути.