вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Ручек за сите: Рецепт за потпечени макарони

Ручек за сите: Рецепт за потпечени макарони

Превкусно.

Состојки:

500 гр макарони
4 јајца
200 гр кашкавал
150 мл јогурт
180 гр (1 чаша) павлака
150 гр сланина
лажица путер
сол, бибер, зачини по вкус
оригано

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 220 степени, а садот во кој ќе ги печете макароните намачкајте го со путер. Сварете ги макароните според упатството на кесичката, па процедете ги.

Во посебен сад се матат јајцата, па се додаваат јогуртот, павлаката и зачините.

Кашкавалот изрендајте го на крупно ренде, а сланината исецкајте ја ситно.

Во сад ставете половина од макароните, посипете ги со половина од кашкавалот и целата сланина. Одозгора ставете ја другата половина од макароните, а потоа редењето завршете го со остатокот од кашкавалот.

Потоа сè покријте со мешавина од јајца и млечни производи.

Печете ги макароните 30 минути, а пред да ги послужите оставете ги да се изладат 10 минути.