петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Сакате да ги заштитите, а ќе ги расипете: Овие намирници никогаш не треба да ги замрзнувате

Сакате да ги заштитите, а ќе ги расипете: Овие намирници никогаш не треба да ги замрзнувате

Погледнете што не смее да става во фрижидер.

Замрзнувањето е идеален начин да се продолжи животниот век на храната и да се избегне фрлањето храна.

Меѓутоа, постојат намирници кои никогаш не треба да ги замрзнувате, а еве зошто:

Јајца

Сировите јајца ќе се рашират при што ќе предизвика пукање на лушпата. Ако сепак сакате да ги замрзнете, треба да ги искршите, да ги размутите и да ги спакувате во херметички кеси.

Месо што е веќе одмрзнато

Замрзнувањето на месото генерално не е проблем, но откако ќе се одмрзне месото не смеете да го вратите во замрзнувач.

Кремасти јадења со кисела павлака

Сè што е на база на крем ќе се згрутчи во замрзнувачот. Ова не е опасно, но храната ќе биде без вкус. Истото важи и за јогуртот.

Вино

Ако не сте испиле шишето вино, затворете го и вратете го во фрижидер. Замрзнатото вино може да се користи само за готвење, но не и за пиење.

Газирани пијалоци

Ќе го промени вкусот, а кога ќе се одмрзне ќе биде вистинска невкусна темпирана бомба.

Тестенини

Загревањето на тестенините ќе предизвика нивно распаѓање.

Зелена салата

Оваа салата во фрижидерот ќе се претвори во лигава каша.