Киселата зелка и сармата се главни на трпезата кога настапуваат студените денови како сега, но и доколку веќе имате ставено зелка во расол, таа не е ни од далеку закиселена и подготвена за конзумирање. Сепак не грижетесе, доколку сакате да направите сарма постои поедноставен начин со кој обичната свежа зелка ќе ја закиселите за само 12 часа.
Ова е се што ви е потребно – 1 поголема главица зелка, 3,5 дл. вински оцет, 3 дл. вода, 4 лажички сол, 1 парче леб.
Подготовка: Исечете го коренот на зелката, а главицата ставете ја во длабок сад. Истурете 2 лажици сол во шуплината каде што бил коренот и ставете две лажици сол. Прелијте со жешка вода во која ќе го додадете остатокот од солта. Додадете го оцетот, покријте со чинија и оставете да отстои 8 часа. Извадете ја зелката, од неа извадете ги трагите од изронетиот леб и префрлете ја во длабок сад. Исцедете ја течноста, а потоа истурете ја зелката и гответе 10 минути на средна температура, додека течноста не зоврие.
Тргнете од оган и оставете да се излади. Извадете ја од тенџерето. Листовите лесно ќе се одвојат и зелката е спремна за сарма.