вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Салата од краставица готова за 10 минути, вистинско летно освежување

Салата од краставица готова за 10 минути, вистинско летно освежување

Лесно и освежително за топлите денови.

Состојки:

1 голема краставица
100 гр павлака
3 супени лажици оцет
половина главица црвен кромид
1 лажица свеж копар
малку шеќер
1 лажичка лук во прав
сол, бибер

Подготовка:

Краставицата не ја лупете, туку добро измијте ја и исечете ја на тенки кругови. Исто така, црвениот кромид исечкајте го на тенки ленти.

Во сад добро измешајте ги павлаката, оцетот, шеќерот и копарот, па додајте ги исечканите краставици и кромидот.

Зачинете ја салатата по вкус – додадете сол и бибер. На крајот, оставете ја салатата во фрижидер да се олади.