вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

САЛАТА СО КУСКУС, ФЕТА И БАДЕМИ! Вкусна ноќна ужина поради која нема да се чувствувате виновни!

САЛАТА СО КУСКУС, ФЕТА И БАДЕМИ! Вкусна ноќна ужина поради која нема да се чувствувате виновни!

Малку сварен кускус, спанаќ, бадеми, фета сирење и уште неколку намирници ќе ви ја дадат оваа вкусна и здрава салата.

Доколку се случи да огладнете навечер, а не сакате да го преоптоварите стомакот, оваа салата со кускус и уште неколку здрави намирници е вистинскиот избор за вас.

Состојки:

маслиново масло

две шолји сварен кускус

грст спанаќ

половина шолја бадеми

две поголеми круши

150 гр фета сирење

сок од половина лимон

сол, бибер

Подготовка:

Кускусот измешајте го со малку маслиново масло, сол и бибер, па ставете го во сад. Додадете спанаќ, грубо сечкани бадеми, сечкани круши и фета исечена на коцки. Посипете со маслиново масло и сок од лимон, измешајте и послужете веднаш.