сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

САЛАТА СО ТУНА И ЗЕЛЕНЧУК! Здрав, хранлив ручек!

САЛАТА СО ТУНА И ЗЕЛЕНЧУК! Здрав, хранлив ручек!

TunaПостојат многу начини за подготовка на салата од туна, а овој е еден од наједноставните. Послужете ja со парче леб и уживајте!

Состојки:

две конзерви туна

две помали главици црвен кромид

мала главица зелена салата

две краставици

млад кромид (само зелениот дел)

150 гр чери домати

малку свеж магдонос

сок од еден лимон

сол, бибер, масло

Подготовка:

Марулата измијте ја, исушете ја, исечкајте ја и ставете ја во сад. Додадете го на ребра исечканиот црвен кромид, исечканата краставица, чери доматот, исцедената туна, млад кромид, магдонос, сол и бибер, прелијте масло и сок од лимон, па послужете.