Замислете парче топол леб намачкан со намаз од сирење и печени пиперки. Оваа прекрасна слика може да стане реалност за само неколку минути…
Доколку сте љубители на зачинета храна, додадете исчистена и сечкана лута пиперка. Готовиот намаз чувајте го во фрижидер до една недела и послужете го со свежи пецива, домашни крекери, грисини или дури и начос.
Состојки:
50 гр печена црвена пиперка (можете да користите и од тегла)
200 гр крем сирење
1 чешне лук
сол
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и измешајте ги во изедначена смеса. Префрлете го во чиста тегла и чувајте го во фрижидер.