четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

СЕ МИСЛИТЕ ШТО ДА ПОДГОТВИТЕ ЗА УТРЕ: Еве предлог за доручек, ручек и вечера

СЕ МИСЛИТЕ ШТО ДА ПОДГОТВИТЕ ЗА УТРЕ: Еве предлог за доручек, ручек и вечера

Идеа за здрав доручек: Пробајте сочна тортиља со туна и спанаќ

Состојки:

2 јајца
1 тортиља
1 прстофат босилек
1/2 конзерва туна
2 шери домати
1 лажица доматно пире
30 гр спанаќ

Подготовка:

Започнете го денот со оваа интересна тортиља со спанаќ и туна. Та е здрава, хранлива и има одличен вкус.

На половина лажица масло или една лажица путер пропржете го спанаќот неколку минути. Додадете домати и јајца, половина лажица доматно пире или малку излупен домат.

Зачинете и послужете по желба на загреана тортиља со туна. Додадете босилек и зачини по вкус.

За ручек подгответе салата со зеленчук и сирење

Крај на работната недела е, а повеќето домаќинки се прашуваат што да подготват за ручек, а да биде брз, лесен, вкусен и да заситува.

За време на топлите денови, речиси секој сака да јаде нешто освежително, а оброците со салати се идеални за тоа.

Ви носиме рецепт за пролетна салата, а најдоброто е што можете да си играте со вкусовите и да додадете повеќе зачини, повеќе зеленчук, па дури и да додадете месо.

Состојки:
– 2 црвени пиперки

– 2 домати

– 100 гр. кашкавал

– 1 црвен кромид

– 1 краставица

– 3 лажици мајонез

– 2 лажици павлака

– сол бибер

– 1 лажица копар

– магдонос

Подготовка:
Пиперките и доматите исечкајте ги ситно, а кромидот, сирењето и краставицата на ситни парчиња. Во подлабок сад ставете ги зеленчукот и сирењето, посолете, додадете бибер и копар.

Потоа додадете мајонез и павлака и убаво измешајте. Украсете ја салатата со магдонос и ставете ја во фрижидер 20 минути.

Салатата можете да ја послужите и како прилог.

За вечера данска пита со шампињони и праз!

Доколку немате доволно време за обилни оброци и подготовки, оваа вкусна пита ќе ве воодушеви.

Состојки:
Кора – домашна
Маслиново масло
Пакување печурки
Праз
Сол
Бибер
Босилек
3 јајца

Подготовка:

Во тава пропржете кромид и печурки, а потоа додадете босилек и зачини. Во длабок сад измешајте три изматени јајца и готовата смеса. Подмачкајте го плехот за печење и наредете ред кори, ред фил, сè додека имате состојки. На крај, премачкајте со малку маслиново масло и печете 30 минути на 180 степени.

Може да ја јадете питата со свежо кисело млеко или кефир.