Вкупно ќе потрошите околу 40 минути за да го подготвите ова јадење. Питите ќе ги свиткате за 10 минути, но ќе ги печете малку подолго, но мирисот и вкусот ќе ве воодушеват.
Состојки:
250 гр ситно сирење
100 гр путер
20 мл масло
12 кори за пита
250 мл крем за готвење
сол
Подготовка:
Прво треба да го стопите путерот и да му додадете крем за готвење. Кога се убаво ќе се соедини, време е да се наредат корите. Ставете три кори, па само врз третата додадете прелив и сирење.
После тоа, завиткајте и исечете сè на помали парчиња. Постапката повторувајте ја додека не ги потрошите сите кори, а потоа наредете ги сите во плех и покријте ги со преливот што остана на крајот. Печете ги питите на 200°C 20-25 минути.