среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Сè што треба да направите е добро да ги измешате состојките: Едноставен посен колач со ЧОКОЛАДО и БИСКВИТИ (РЕЦЕПТ)

Сè што треба да направите е добро да ги измешате состојките: Едноставен посен колач со ЧОКОЛАДО и БИСКВИТИ (РЕЦЕПТ)

Ова е посен десерт кој ќе го обожаваат оние кои не постат.

И за време на постот не треба да се занемари желбата за слатки. Затоа ви претставуваме рецепт за едноставна торта со чоколадо и бисквити, која се подготвува брзо.

СОСТОЈКИ:

200 грама посни бисквити
200 грама чоколадо за готвење
100 грама посен маргарин
половина чаша млеко од соја или вода (по избор)
6 лажици шеќер
100 грама печени мелени лешници
50 грама кокос
2 лажици какао во прав

Подготовка:

Во подлабок сад искршете ги бисквитите на поголеми парчиња, додадете ги лешниците и промешајте. Во тавче на тивок оган истурете млеко од соја или вода, маргаринот исечкан на коцки и издробената чоколада за готвење и мешајте додека не се стопат сите состојки.

Кога ќе се стопат состојките се оставаат на оган додека смесата не зоврие. Кога ќе зоврие со смесата прелијте ги бисквитите и лешниците и убаво измешајте ги сите состојки. Потоа смесата за колачот истурете ја во калап или плех и израмнете ја тортата со лажица.

Добро изладете го пред да го исечете и послужите. Кога ќе ја исечете тортата, посипете ја со кокос.