Состојки:
1 тортиља
3 јајца
4 парчиња шунка или исечкана шунка
малку сирење
еден среден домат
малку свежа краставица
сол
малку масло
Подготовка:
Овој појадок е многу лесен за подготовка и бара само правилно распоредување на состојките.
Така, на малку масло пропржете ја шунката, па врз неа искршете ги јајцата и малку измешајте ги за побрзо да се испржи. Потоа ставете го сирењето над јајцата и шунката.
Потоа сè покријте со тортиља, а потоа по неколку минути свртете ја тортиљата заедно со состојките. Додадете домат и краставица, посолете малку и сролајте ја.
Имате подготвен појадок!