понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Сè што ви треба за да се разладите и засладите: Мус од праска на кој нема да можете да му одолеете (РЕЦЕПТ)

Сè што ви треба за да се разладите и засладите: Мус од праска на кој нема да можете да му одолеете (РЕЦЕПТ)

Кога во лето ќе почувствувате потреба да го почестите вашето сетило за вкус со некој десерт, а во исто време немате желба да подготвувате каква било торта или да печете во рерна, можете да се свртите кон едноставни рецепти кои не бараат многу напор.

Еден таков рецепт е и мусот од праски кој ви го претставуваме.

Покрај тоа што е лесен за подготовка, тој е и совршено, кремасто летно освежување и одличен придружник во борбата против високите температури. Непотребно е да се каже колку најмладите ќе бидат воодушевени од овој рецепт.

Состојки:

– 500 гр праски

– две лажици сок од лимон

– четвртина шолја ладна вода

– лажичка желатин

– третина шолја шеќер

– шолја слатка павлака

– грст ореви

Подготовка:

Излупете ги праските и исечете ги на парчиња. Ставете ги во блендер, внатре исцедете го лимонот и изблендирајте ги овие состојки. Желатинот се раствора во тенџерче со ладна вода, се остава да отстои 5 минути, па се додава шеќерот. Потоа вклучете го шпоретот и варете го желатинот само 2 минути.

Кога ќе биде готово, истурете ја слатката павлака и желатинот во блендерот и вклучете го уште 30 секунди за да се соединат состојките. Смесата истурете ја во помали чинии или чаши и ставете ја во фрижидер да се стегне и излади.

Одозгора наредете сецкани ореви како декорација.