среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Се топат во уста: Феноменални кнедли со кајсии (РЕЦЕПТ+ВИДЕО)

Се топат во уста: Феноменални кнедли со кајсии (РЕЦЕПТ+ВИДЕО)

Подготовката е брза и прилично едноставна

Дали сте пробале супер вкусни кнедли од кајсии?

Подготовката е едноставна, а вашето семејство ќе биде воодушевено од ова задоволство.

Пробајте и уживајте!

Сигурни сме дека ќе ги правите често.

Состојки:

1/2 кг кајсии

1/2 кг компири

грст брашно (споени дланки со свиткани прсти)

1 јајце, малку сол

малку масло

презла

ванилин шеќер

Подготовка:

Компирите сварете ги заедно со лушпата, кога ќе се сварат излупете ги и испасирајте ги, додадете 1 јајце и измешајте.

Додадете брашно, малку сол во компирот и измесете мазно тесто. Откинете малку тесто, ставете цела кајсија без семка.

Набрашнете ги рацете и направете топка. Кога водата ќе зоврие, посолете ја.

Варете 6-7 минути, кнедлите да испливаат на површината. На масло пропржете малку презла да порумени, па сварените кнедли извалкајте ги во презлата. Посипете со ванилин шеќер и шеќер во прав по желба.

Погледнете ги чекор по чекор инструкциите за подготовка: