Направете сендвич со пршута и смокви кој може да биде одличен оброк доколку не сте многу гладни
Состојки:
четири кришки леб
100 гр пршута
три поголеми смокви
100 гр козјо сирење
лажица и пол павлака
грст ореви
Подготовка:
Изгмечете го козјото сирење со вилушка, додадете павлака и сè убаво измешајте. Со добиената смеса премачкајте ги парчињата леб.
Одозгора распоредете ја тенко исечената пршута и исечканите смокви, посипете со крупно исечканите ореви и послужете.