Брзо и лесно подгответе го ова оригинално лесно и вкусно јадење со печурки
Состојки:
500 гр шампињони
140 гр конзервирани домати
4 лажици шеќер
2-3 гранчиња мајчина душица
1 лажица коријандер
3-4 ловорови листови
1 дл исцеден сок од лимон
2 дл бело вино
1 дл вода
маслиново масло, сол, бибер, магдонос
Подготовка:
На маслиново масло пропржете ги неколку минути кромидот, коријандерот, мајчината душица и ловоровиот лист, внимавајќи кромидот да не пожолти.
Додадете ги виното, исцедениот лимон и водата. Кога ќе зоврие додадете ја доматната паста и шеќерот. Оставете го сокот да врие на тивок оган 15 минути.
Додадете ги исчистените печурки, солта и биберот, сечканиот магдонос и динстајте уште 5 минути.
Послужете ги шампињоните со варени тестенини или ориз.