среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

ШНИЦЛИ МЕКИ КАКО ПУТЕР Вкус кој освојува (РЕЦЕПТ)

ШНИЦЛИ МЕКИ КАКО ПУТЕР Вкус кој освојува (РЕЦЕПТ)

Подгответе го пилешкото бело месо на малку поинаков начин

СОСТОЈКИ:

Пилешко бело месо
3-4 јајца
50 гр сусам
100 гр брашно
100 гр презла
сув зачин или сол
може и мелен лук
масло за пржење

ПОДГОТОВКА:

Исчукајте го стекот помеѓу фолии, малку посипете со сув зачин.На алуминиумската фолија истурете брашно и презла, изматете ги јајцата во сад и посолете малку.

Во тегла со дупчиња истурете сусам, стекот поминете го низ брашното, јајцата, презлата, повтоно јајцата и посипете со сусам.

Се пржи на врело масло.Кога ќе зарумени од двете страни се вади на хартиена салфетка за да се впие вишокот маснотии.

Послужете топло.Фантастичен вкус!